Сисе заминува во пензија – Ќе си ја проба среќата во мода и музика!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Жибрил Сисе и официјално ја заврши кариерата.

Напаѓачот е од 2015-та година без клуб, а сега потврди дека нема да бара нов тим.

35-годишниот напаѓач изјави дека од сега ќе се занимава со музика и мода.

Сисе кариерата ја започна во Оксер, а подоцна играше за Ливерпул, Марсеј, Сандерленд, Панатинаикос, Лацио, КПР, Ал-Гарафу, Кубан, Бастија и Сен Пјеро. За Франција од 2002 до 2011 година одигра 41 натпревари и постигна 9 голови.

Тој може да се пофали и со титули во купот на Франција, ФА купот, ЛШ и Суперкупот на Европа, ако и купот на Грција.

Сисе пред две години беше во центар на скандал на уценување на францускиот играч Матје Валбуена, па беше во притвор од неколку часови.