„Погледнете го само Суперболот, нема да се откажеме!“


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Тренерот на Рома, Лучијано Спалети повторно размислува за титулата по победата против Фиорентина од 4:0.

Рома вчера ја прегази Фиорентина и повторно дојде до 2-та позиција во Серија А со 4 бодови негатива зад Јувентус, кој има и натпревар помалку.

Јувентус поради тие, но и други фактори е апослутен фаворит за Скудетото, но Спалети не престанува да се надева.

„Имаме одлична сезона, баш како Јуве и Наполи. Наша должност е да веруваме до крајот. Погледнете што се случи во Суперболот! Мораме да веруваме.“

Да потсетиме, Њу Инглад ја победи Атланта, откако губеа со 28:0 во неделата.