Фудбалер на Барселона ќе биде непрепознатлив!

Рафиња доби страшна повреда на дуелот против Атлетик Билбао.

Бразилецот после сударот со Тер Штеген доби страшна исекотина на челото па мораше да го напушти теренот.

Колку ќе отсуствува не е познато, но јасно е дека на теренот ќе се врати со специјална маска.

Објавена е фотографија на која се гледа дека Рафиња носи маска која ќе помогне да не се случи повреда на истото место во иднина.