Жосе Босингва се враќа во голем клуб?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона овој викенд остана без Алекс Видал и на Луис Енрике итно му треба десен бек.

За Видал сезоната е завршена, а Енрике ќе мора да бара некој слободен играч или играч од Ла Лигата кој што ќе можат да го доведат, такви се правилата.

Еден од главните кандидати е човекот кој во Челси играше од 2008 до 2012 и освои една ПЛ, една ЛШ и три ФА куп титули, Жосе Босингва.

34 годишниот играч е без клуб од крајот на минатата сезона кога заврши со својата авантура во Трабзон, па сега е главен кандидат за десен бек во Барса.