Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Секој поединец во редовите на Пари Сен Жермен даде свој придонес во триумфот над Барселона но партијата на Адријан Рабио синоќа ги воодушеви љубителите на фудбалот ширум светот.
Одлучувачки фактор за убедливата победа која што фудбалерите на Пари Сен Жермен ја остварија во дуелот со Барселона беше учинокот на средниот ред на домашниот тим.
Средниот ред на Пари Сен Жермен ги „уапси“ синоќа средниот ред на Барселона и во целот го отсече триото МСН од остатокот на тимот па дојде до тоа за каталонскиот состав да испрати само еден удар во голот во целиот меч!
Кога се зборува за поединци кои синоќа беа најзабележани едно име излегува на површина, а се работи за младиот играч за врска на Пари Сен Жермен Адријен Рабио.
Момчето потекна во младинската школа на Пари Сен Жермен беше се повеќе присутен на теренот и не дозволи на ривалите да дишат. Иако „пожолте“ во раната фаза од натпреварот не му пречеше да прикаже партија на фантастично ниво.
За тие кои не го приметија тоа во текот на мечот, Адријен Рабио имаше стопроцентен учинок кога се стартовите на топка во прашање, а оствари и 56 пасови.
Се во се, маестрална партија на младиот играч за врска на Светците.