Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ричард Крајичек, шампионот на Вимблдон од 1996 година, вели дека е импресиониран од играта на Федерер.
„Одигра добри натпревари на АО, а особено ми се допадна натпреварот против Нишикори. Исто така и со Вавринка и Рафа, иако во финалето имаше многу падови и успеси на двете страни.“
„Мислам дека Федерер не сакаше да игра со Надал во финале, изгуби многу важни натпревари од него, но сега успеа да победи.“
Федерер има 18 Грен Слем титули, а Крајичек вели дека тоа не мора да биде крајот.
„На Ролан Гарос тој нема многу големи шанси, но на Вимблдон и на УС Опен само неколку играчи може д аго победат, а тоа се Мареј, Ѓоковиќ, можеби Надал, Вавринка и Раониќ. Федерер има големи шанси да освои уште еден Грен Слем трофеј оваа сезона.“