„Имам среќа секогаш кога играм против нив“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ибрахимовиќ постигна три погодоци на домашен терен против Сент Етјен, а после мечот беше многу задоволен од својот учинок.

„Мислам дека секогаш кога играм против нив имам среќа. Со добриот натпревар, имаше тука и неколку голови за мене. Не е тоа ништо на што сум фокусиран, постигнувам голови, а се надевам дека ќе можам и во наредната недела и дека ќе поминеме понатака во Европа лига.

Креиравме вечерва добри шанси. Беше важно да оствариме добар резултат на домашен терен и ние тоа вечерва го остваривме. Беше тоа добар натпревар и одигравме колективно многу добро“, рече Златан.

Да потсетиме дека Ибрахимовиќ сега има 23 постигнати голови во оваа сезона во сите натпреварувања.