Трката за Златната копачка – Никогаш не било вака лудо


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Првите петнаесет фудбалери се разлика осум бода или четири погодоци.

Две третини поминаа во најголемиот број првенства во Европа, а трката за Златната копачка која моментално ја има Луис Суарез е се полуда. Во претходните сезони за овој трофеј се бореа Меси и Роналдо, а моментално има десетмина кои конкурираат за првата позиција.

Минатиот викенд дојде до промена на врвот на табелата. Едисон Кавани не ја затресе мрежата на Тулуз, а Лионел Меси, Гонзало Игуаин и Един Џеко тоа го искористија и сега имаат еден погодок повеќе од уругваецот. Споментата тројка води со по 19 погодоци и 38 освоени бода.

Кавани чиј коефициент на лигата е помал е веднаш зад нив со 37.5 бода.

Она што ја прави трката за Златната копачка поинтересна е дека од почетокот на сезоната никој не успеал да се издвои на лидерската позиција. Моментално разликата помеѓу петопласираниот бранител на титулата Луис Суарез и седумнаестопласираниот Мауро Икарди е шест бода или три погодоци. А исто така од трката не треба да го исклучиме заспаниот Кристијано Роналдо кој со еден хет-трик би можел да искачи на врвот. Португалецот моментално има постигнато 14 погодоци и 28 бода.

Кристијано Роналдо овој трофеј го има освојувано четири пати во кариерата.