„Бонучи против Порто на трибините“

Во Јувентус се одлучија пред мечот со Порто од дисциплински причини од екипата да го оддалечат Леонардо Бонучи.

Искусниот Бонучи во текот на натпреварот против Пескара го навредуваше и го пцуеше тренерот Алегри, а тоа резултираше со изостанувањет од екипата која отпатува во Порто на првиот меч од осмина финалето на Лигата на шампионите.

Дека Бонучи ќе биде на трибините потврди и самиот Алегри.

„Утре Бонучи ќе биде на трибините. Тоа не значи дека тоа треба да биде голема работа. Поради респект кон клубот, навивачите и играчите, донесена е ваква одлука. Случајот е затворен. Бонучи ја разбира ситуацијата, интелигентен е и важен за Јувентус“,  изјави Алегри пред мечот и додаде дека ќе се казни самиот себе.

„Јас реагирав на неприкладен начин и поради тоа утре ќе дадам пари на хуманитарни цели“, истакна Алегри.

Дуелот меѓу Порто и Јувентус се игра утре од 20:45 часот.