Големо засилување на Олимпико – Доаѓа Александре Пато


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Лацио ќе добие големо засилување пред стартот на сезоната.

Нов фудбалер на клубот од Рим ќе биде Бразилецот, Александре Пато кој ги договори сите услови на 2-годишниот договор со овој клуб.

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито преговараше агентот на Пато. Договор е постигнат, па 26-годишниот фудбалер повторно ќе игра во Серија А.

Пато во Лацио ќе заработува 1.5 милион евра по сезона плус бонуси со можност за зголемување на платата во втората година.

Бразилецот последните шест месеци ги помина во Челси каде не се наигра, а во кариерата има играно за Сао Паоло, Коринтијанс, Милан и Интернационал.