Работнички со 95 кошa го наполна и декласира Пелистер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кошаркарите на Работнички на гости го победија Пелистер со 60:95 во натпревар од 13-то коло во македонската суперлига.

Работнички направи серија од 11 поени за водство, 2:11. Мираковски, Николиќ и Тасовски му ја донесоа првата двоцифрена предност на Работнички, 4:19. Николиќ со пет поени и Маслинко со два поени во низа му донесоа водство на Работнички, 7:26. До крајот на првата четвртина погоди и Фил за 9:26.

Гостите ја отворија фуриозно втората четвртина со серија од 8 поени, 9:34. Во вториот дел и двата клуба беа ефикасни, па на полувреме Работнички замина со 22 поени предност, 26:48.

Во третата четвртина кошаркарите на Работнички направија серија од 9 поени за водство, 30:59. Гостите беа разиграни и со нова серија, овој пат од 11 поени стигнаа до водство, 35:71. Полнењето на кошот на Пелистер продолжи до крајот на третата четвртина. Со огромна предност Работнички влезе во последните десет минути од натпреварот, 39:78.

Победникот беше решен на натпреварот, но не се знаеше само со колкава предност ќе победи Работнички. Павловски и Маслинко на стартот на последната четвртина погодија за 39:82. Андрејевиќ и Фил возвратија со иста мерка, 42:82. Пелистерци постигнаа седум поени во низа за 53:89. Добро нешто за кошаркарите на Пелистер на овој натпревар е тоа што ја добија последната четвртина со 22:17, а на крајот загубија со 60:95.

Маслинко го предводеше Работнички со 23 поени. Павловски додаде 17, Тасовски 16, Мираковски 13, Николиќ и Ефремовски по 10 поени. Кај Пелистер најефикасен беше Андрејевиќ со 20 поени. Фил и Анакиевски постигнаа по 10 поени.

Единаесета победа за Работнички, а девети пораз за Пелистер оваа сезона.