Буфон го откри новото засилување – Стигнува негов сограѓанин во Јувентус?

Буфон ненамерно го откри најверојатно новото засилување на Јувентус.

Во последно време се крева голема прашина околу трансфер на Бернардерски. Постојат голем број заинтересирани клубови за овој 23-годишен напаѓач на Фиорентина, а еден од клубовите е Јувентус.

Буфон е добар пријател со овој играч, затоа што доаѓаат од истиот град – Караре.

Познатиот голман на Јувентус беше гостин во една емисија и зборуваше за Бернардерски.

„Ова е одлично за Караре, можеби Бернардерски ќе дојде во Јувентус наредната година.“