Ефес победи по продолженија – Дарушафака во финишот стигна до победата!

Денес се одиграа неколку натпревари во Евролигата.

Во првиот натпревар видовме големи возбудувања.

Тимот на Уникс беше поразен на домашен терен од Анадолу со 99:92 по продолженија.

Натпреварот започна израмнето, па по првата ¼-на резултатот беше 22:22, но до крајот на полувремето гостите заиграа подобро и ја превземаа предноста која ги донесе до водство од 49:43 на полувремето.

Вториот дел започна подобро за гостите, односно тие беа подобри во третата ¼-на со 20:18 додека Уникс се разбуди во последната ¼-на и со 21:13 успеа да избори продолженија.

Во продолженијата Анадолу беше подобар со 17:10 и заслужено стигна до победата.

На натпреварот помеѓу Дарушафака и Панатинаикос беа видени исто така големи возбудувања.

Натпреварот беше цел израмнет, па така резултатот по првата ¼-на беше 17:17, а до крајот на полувремето поведе Дарушафака со 35:33.

Вториот дел започна подобр за гостите кои го превземаа водството со 20:18 во третата ¼-на и одличен старт на последната ¼-на. Но во финишот како да снемаа сила, па Дарушафака заслужено стигна до победата со 77:72.