„Навивачите и играчите не го бираат тренерот на клубот!“


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Францускиот тренер, Арсен Венгер се наоѓа под голем притисок затоа што навивачите на Арсенал бараат да замине на крајот на сезоната.

Венгер останува без договор на крајот на сезоната, но тој сеуште нема намера да го напушти Арсенал.

Тој е под се поголем притисок, но јасно им кажа на навивачите на Арсенал дека нема лесно да го напушти тренерското место.

Тренерот на Арсенал за медиумите даде коментар за тоа што се случува во клубот во последно време, па испрати јасна порака до играчите и навивачите дека тие не можат да бираат кој ќе биде тренер на Арсенал.

„На играчите и навивачите не им е работа да бираат тренер. Фудбалерите мораат да играат што е можно подобро, а на управата останува на крајот да одлучи кој ќе го тренира тимот.“

„Јас верувам дека ние сме најдобриот клуб во светот и мораме да се бориме и се надевам дека наредната сезона ќе ја покажеме нашата сила.“