Тајсон Фјури во мај се враќа од пензија!


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Тајсон Фјури потврди дека ќе се врати во рингот на 13-ти мај, иако се пензионираше откако падна на допинг тест.

Фјури на крајот на 2015-та година стана шампион на светот во тешка категорија, откако го победи Кличко, но потоа имаше многу проблеми поради расистички изјави.

Меѓутоа, неколку месеци пред најавениот реванш со Украинецот, падна на допинг тест по што ја заврши кариерата.

Меѓутоа, во понеделникот на Твитер објави дека се враќа на 13-ти мај.