Робсон – Кану прави неочекуван потег?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Одличниот напаѓач на репрезентацијата на Велс Хал Робсон – Кану моментално бира клуб во кој ќе ја продолжи кариерата.

Овој 27-годишен фудбалер одигра одлично на Европското првенство во Франција, а моментално е без клуб па така ќе биде на слатки маки.

ИАко за него се интересираат бројни англиски и европски гиганти како Лестер кој е актуелен шампион на Англија или Евертон и Галатасарај, тој сепак може да заврши во Хал Сити.

Како што пренесува Скај Спрот, Хал во наредните денови ќе проба да ја заврши зделката со овој фудбалер со цел за што побрзо да го доведат во своите редови.

Да потсетиме дека неговиот последен клуб беше Ридинг, а на крјаот на минатата сезона му истече договорот и тој моментално е слободен играч.