Америка го одведува Ибра?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ во наредната сезона најверојатно ќе биде во Манчестер Јунајтед, но постои можност и да замине.

Шведскиот фудбалер во оваа сезона игра одлично во Манчестер Јунајтед, ја пронајде својата форма после нешто слабиот старт и сега е најефикасен играч кај Жозе Мурињо.

Тој има договор на 1 +  1 година, а неговиот агент истакна дека речиси сигурно ќе ја одигра и следната сезона во Манчестер Јунајтед.

Сепак, има и други клубови кои се заинтересирани, а првенствено мислиме на ЛА Галакси.

Галакси ќе влезе во „војна“ со Манчестер Јунајтед за потпис со Златан Ибрахимовиќ, имаат доволно пари да направат такво нешто и постои можност дури и Ибра да стане најплатен фудбалер во МЛС лигата било кога.

Ибрахимовиќ има 35 години, но и понатака не покажува знак на замор, дури ни во ПЛ која многумина ја сметаат за физички најтешка лига за играње.