Напаѓач на Фенербахче после тешка повреда ја завршува сезоната!

Напаѓачот на Фенербахче, Фернандо после синоќешната повреда против Коњаспор ја заврши својата сезона.

Во средината на првото полувреме се судри со голманот на екипата од Коња и доживеа тежок удар на раката. После накнадни медицински прегледи откриено е дека има фрактура на раката помеѓу левото рамо и лактот па го очекува пауза долга 3 месеци.

Тоа секако значи дека оваа сезона за него е завршена, а утринава е извршена операција на него.

Вчера во истиот натпревар, Фенербахче на домашен терен беше поразен со 3:2 од Коњаспор.

Фернандо оваа сезона одигра 13 натпревари во најсилното натпреварување во Турција и има постигнато 4 погодоци за тимот од Истанбул оваа сезона.

 


fernandao by goloviliga