Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бразилскиот фудбалер, Алесандре Пато нема намера во новата сезона да го носи дресот на Лацио.
Италијанските медиуми денес објави дека Пато нема да ја прифати понудата од Лацио и дека има желба да се врати во Бразил. Иако овој трансфер беше скоро реализиран, после сагата со Биелса, Лацио остана без пато.
“Зборував со Пто и ми кажа дека сака да остане во Коринтијас до декември поради приватни причини. Во овој момент тој не сака да замине од Бразил”- изјави спортскиот директор на Лацио, Игли Таре.
Пато во претходните шест месеци како позајмен фудбалер од Коринтијас настапуваше во Челси, но клубот од Лондон одлучи да не го откупи неговиот договор од Коринтијас. Бразилскиот напаѓач во дресот на Челси одигра само два натпревари и постигна еден погодок.