„Бензема за мене е најдобар напаѓач во светот!“

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез би сакал Бензема да остане во тимот уште многу години.

Во последно време се зборува дека тој ќе замине од Реал, а Перез кажа јасно што мисли за својот напаѓач.

„Бензема? Тој за мене е најдобриот напаѓач во светот. Тој игра многу добро и тешко е да се најде фудбалер како него. Во овој момент сакам да остане со нас засекогаш. Сепак, сега нема да зборувам за нов договор. Ако е до мене, сигурен сум дека ќе остане тука уште долго.“

Бензема во 22 натпревари оваа сезона во Примера постигна 8 голови и 4 асистенции.