Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кошаркарите на Куманово го победија на домашен паркет Пеќ во вториот полуфинален натпревар, 86:80.
Јанески отвори со пет поени во низа, 5:0. Абрамовиќ и Мијаниќ го израмнија резултатот, 5:5. Весели погоди тројка, а Далман за два за 7:10. Гостите постигнаа седум поени во низа за 9:17. Браун и Пековиќ намалија на четири негатива, 15:19. Пеќ во првото полувреме стигна и до двоцифрено водство, 15:25, но после првата четвртина кумановци заминаа со негатива од седум поени, 18:25.
Весели и Мијаниќ погодија две тројки во низа и го вратија двоцифреното водство на Пеќ, 20:31. Домашните постигнаа шест поени во низа за 35:40. На полувреме Пеќ заминаа со седум поени предност, 37:44.
Куманово преку Браун и Пековиќ намалија на пет негатива, 47:52. Кошаркарите на Куманово постигнаа пет поени во низа за намалување на еден негатива, 55:57. Во последните десет минути од натпреварот Пеќ влезе со предност од четири поени, 61:65.
Во последната четвртина Куманово стигна до водство, 71:69. Четири минути пред крајот на натпреварот Куманово имаше водство од четири поени, 73:69. Со петте поени на Весели, Пеќ го презеде водството, 76:78. Јанески погоди за два за израмнување, 78:78. Минута пред крајот на натпреварот резултатот беше израмнет, 80:80. Караџовски и Пековиќ погодија за плус четири, 84:80. Живановиќ ги постави конечните 86:80 за историско финале на Куманово.
Јанески со 21 поен го предводеше Куманово. Браун додаде 20, Караџовски 11, а Пековиќ 10 поени. Мијаниќ најмногу се истакна кај Пеќ со 21 поен.
Првиот натпревар Куманово го загубија со четири поени, но овој го добија со шест, па се пласираа во финале каде ќе играат против бугарски Берое.