Ги поместува границите – Никој не е како Расел Вестбрук!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Кошаркарот на Оклахома, Расел Вестбрук испиша нови страници на историјата на НБА лигата.

Еден од главните кандидати за МВП наградата, минатата ноќ постигна 57 поени, 13 скокови и 11 асистенции.

Тоа беше воедно трипл-дабл со најмногу постигнати поени.

Вестбрук сега му требаат уште 3 трипл-дабл за да се израмни со рекордерот Оскар Робертстон.

Оклахома моментално е на 6-то место во Западот со 43-31, а Вестбрук има просек од 31.8 поени, 10.6 скокови и 10.4 асистенции по натпревар.