Португалец од 50 милиони стигнува во Интер!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На Меаца е приготвен план за доведување на еден од најдобрите играчи од освојувачите на титулата шампион на минатото ЕП во Франција.

Жоао Марио веќе некое време фигурира како прв пик на Нероаѕурите во тековниот преоден рок, а најновите информации од италијанските медиуми, конкретно Газета, укажува дека трансферот на одличниот играч за врска е многу блиску до реализација.

Новиот газда на Интер преку својот клуб во татковината, кинески Сунинг, ќе платат на Спортинг 50 милиони евра на Спортинг, а тогаш Марио ќе го проследат на позајмица во паднатиот италијански гигант.

Интер на тој начин ќе остане во рамките на финансискиот фер плеј тоа е главната причина поради што се решија на ваква стратегија за доведување на 23-годишниот репрезентативец на Португалија.

Агентот на Марио Киа Јорабчиан е моментално во преговори со сопствениците на Нероаѕурите и договор меѓу двете страни е на повидок, пренесува споменатиот извор.