Пепе добива двегодишен договор, но не од Реал


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Пепе најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона, а има неколку понуди.

Португалскиот фудбалер кој беше еден од клучните играчи на Реал Мадрид во претходните години, Пепе, е на прагот да го напушти клубот бидејќи му истекува договорот на крајот на сезоната.

Овој 34-годишен фудбалер се поврзува со кинески клубови, но постои можност и да остане во Европа, бидејќи има понуди од неколку клубови.

Еден од тие клубови е и Галатасарај кој се распрашуваше за стоперот на Реал, а според пишувањата на медиумите во Турција, Галата е спремна да понуди плата на Пепе и до четири милиони евра.

Покрај тоа, Пепе би потпишал одма двегодишен договор.

Пепе во Реал е од 2007 година, играше 333 натпревари за тој тим, а освои по две ЛШ, Купот на Кралот и Примера.