Млад играч од Чешка на радарот на европски великани!

Патрик Шик, играчот од Сампдорија кој не потсетува на Марко ван Бастен.

Шик ја импресионираше Европа со својата игра против Интер во победата од 2:1 за Сампдорија.

Високиот центрафор во Џенова пристигна од Бохемијанс каде што играше феноменално но беше позајмен од Спарта Прага.

Оваа сезона има одиграно 26 натпревари и постигнато 9 погодоци.

Поради одличните игри веќе има интерес од Манчестер Јунајтед, Челси, Ливерпул, Борусија Дортмунд и Интер.

Се повеќе е можно тој да ја менува средината ова лето.