Аргентинец на мета на Лацио и Ливерпул!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според медиумите во Италија, Инзаги и Клоп покажале интерес за напаѓач на Ривер Плејт.

Инзаги го препороди Лацио, играат многу добро оваа сезона, а стигнаа и до финалето на купот, а се посигурно е дека наредната година ќе играат во Европа.

Сепак, управата е свесна дека ривалите ќе се засилат, па мораат и самите да реагираат на трансфер пазарот, а интерес покажаа за Лукас Аларио.

Тој стигна во Ривер во 2015-та година од Колона за 2 милиони евра.

Од тогаш, одигра 54 натпревари за Ривер, постигна 25 голови и 7 асистенции, а од тоа на 16 настапи оваа сезона постигна 7 голови и 2 асистенции.

Дебитираше во Аргентина, а доколку ова лето замине во Европа, би можел да се наоѓа почесто на списокот на Аргентина.

Покрај Лацио, за него е заинтересиран и Ливерпул.

Ривер не сака да го продаде, но ако стигне некоја понуда од овие 2 тимови, тешко дека би можела да го задржи.