„Кога зачекорив во соблекувалната, се чувстував дека играм плејстејшен“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Барселона Нејмар откри дека бил многу уплашен пред дебито за каталонскиот клуб и истакна дека сонародникот Дани Алвеш му помогнал да се вклопи и да стане клучен играч.

„Бев многу уплашен кога ги видов Меси и останатите играчи пред мојот прв натпревар за Барселона. Влегов во соблекувалната во која покрај Меси беа и Чави, Андрес Иниеста, Џерард Пике, Дани Алвеш… Тие луѓе беа мои идоли. Беше речиси како да играм плејстејшен. Беше многу тешко на почетокот. Алвеш многу ми помогна да се прилагодам и да станам тоа што сум сега“, рече Нејмар.

На почетокот на месецот Нејмар го продолжи договорот со Каталонците до 2021 година со откупна клаузула од дури 250 милиони евра.

Тој во 2013 година премина од Сантос во Барселона за која досега запиша 141 настап со 85 голови.

Бразилскиот фудбалер со каталонскиот клуб освои две титули Примера, Лига на шампионите, два Куп на Кралот, Суперкуп на Шпанија и Европа, како и Светско клупско првенство.