Јунајтед не можеше да чека повеќе, па си договори ново засилување?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед го договори првото засилување за наредната сезона.

Според медиумите, нов играч на Јунајтед ќе стане Линделоф, кој претходните месеци постојано се поврзуваше со тимот од Манчестер.

По се изгледа дека приказната е конечно завршена. Тој според информациите потпишал пред-договор со тимот и од наредната сезона ќе игра во Манчестер.

Вредноста на трансферот е 40 милиони фунти, а наводно голема улога во договорот да дојде во тимот имал и Ибра.

Линделоф се обиде да го донесе и Рома. Тие бараа замена за Манолас, кој најави заминување, но Јунајтед беше побрз во осигурувањето на потписот на овој играч.

Линделоф се смета за еден од најдобрите млади фудбалери во Европа и сигурно ќе претставува големо засилување за несигурната одбрана на Јунајтед.