Погледнете што се подготвени клубовите да направат – Санчез станува најплатен фудбалер во ПЛ?


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Алексис Санчез би можел да стане најплатениот играч во ПЛ.

Тој веќе долго време се поврзува со заминување од Арсенал, а посебно по очајната сезона која Арсенал ја игра и поради фактот дека најверојатно тие нема да изборат пласман во ЛШ.

Сепак, и покрај тоа, Алексис би можел да стане најплатен фудбалер затоа што управата на Арсенал има намера да му понуди нов договор со кој тој би заработувал 300.000 фунти неделно.

Доколку тој се согласи на тие услови на Арсенал, би добил повеќе плата од Погба кој моментално заработува 290.000 фунти во Јунајтед.

Санчез оваа сезона во сите натпреварувања одигра 41 натпревар и постигна 22 голови и 18 асистенции.