Новите сопственици стигнуваат во Миланело – Фудбалерите на Милан ќе имаат гости на тренинг!

Екипата на Милан се подготвува за дербито против Интер, кој се игра во сабота.

Додека Монтела подготвува тактика за Интер, во клубот се случуваат големи работи и гигантот вчера доби нови сопственици.

Заврши 31-годишното владеење на Берлускони, а нови сопственици на Милан ќе бидат Јонхонг Ли и Хан Ли, кои имаат големи планови за Милан.

Вчера сопствениците беа на вечера со Берлускони, на која присуствуваа и новите директори Фасоне и Мирабели, а вечерва најавија присуство на тренингот.

Новите сопственици на МИлан ќе го посетат клупскиот тренинг центар, каде што ќе се запознаат со фудбалерите и Монтела.