Стигна десен бек, се чека уште Невен


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Екипата која во минатата сезона повторно избори статус на Премиерлигаш, многу добро го одработува преодниот рок.

Практично е се договорено со Алваро Негредо, а сега е официјализиран преминот на уште еден играч од Валенсија на Риверсајд.

Во прашање е десниот бек Антонио Бараган, кој во овие денови се доведуваше во врска со клубот.

Овој 29-годишен ги помина лекарските прегледи, и потпиша тригодишен договор со екипата на Мидлзборо.

За Валенсија одигра преку 100 мечеви, а тој го носеше и дресот на Депортиво Ла Коруња, како и дресот на Реал Ваљадолид.

Како 18-годишен потпиша професионален договор со Ливерпул, но на Енфилд не се наигра.

„Многу сум задоволен што потпиша. Тој е играч кој знае многу и вистинско е засилување за овој тим.

Одлично момче е и одигра многу натпревари за Валенсија. Ја познава и оваа држава бидејќи соевремено како млад играше за Ливерпул.

Тој е многу добро засилување за нас“, изјави тренерот на Мидлзборо Аитор Каранка.