Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дон Балон соопшти дека фантастичниот хрватски фудбалер е на мета на баварскиот гигант.
Два огромни клуба, два европски гиганти. Реал Мадрид и Баерн Минхен. А знаете како се кажува она – сличен на слично се радува. Овие два клуба водат големи битки на теренот, таква беше и во четвртфиналето во ЛШ кога кралевите на крајот се радуваа. Но, исто така не мал број пати соработуваа и купуваа фудбалери едни од други.
Објективно од Реал Мадрид и Баерн Минхен не се заминува така лесно, тоа мора да биде некој голем и достоен клуб.
Последната вест која пристигна од Шпанија е дека капитенот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Лука Модриќ би можел на лето да го напушти Реал Мадрид и да се пресели во Баерн Минхен.
Баварците за фудбалерот на кралскиот клуб се спремни да платат 35 милиони евра и на тој начин да ги решат проблемите во средниот ред по заминувањето на Чаби Алонсо во пензија.
Реал и Баерн добро соработуваат во последните години во преодните рокови, од Мадрид во Минхен заминаа Арјен Робен и Чаби Алонсо како и тренерот Карло Анчелоти, а во спротивен правец Тони Крос.
Модриќ стигна во Реал пред пет години од Тотенхем, а има договор до 2020-та година.
Чаби Алонсо стигна во Баерн во 2014-та година за 10 милиони евра, а истото лето Тони Крос замина во Мадрид за 30 милиони евра. Хамит Алтинтоп замина без оштета во Реал, а Арјен Робен стигна во Минхен за 24 милиони евра.
На сето ова додаваме дека Реал беше заинтересиран за Роберт Левандовски, а тоа би можел да биде и најголемиот трансфер од споменатите.
Баерн ги обезбеди потписите на Никлас Шуле и Себастијан Руди, а Руди би можел да биде една од замените за Алонсо.
Ќе видиме дали Баерн ќе тргни по Модриќ и дали Реал ќе го пушти.