Последниот волшебник во фудбалот, Роналдињо – јунак на приказните на многу генерации!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Се ближи крајот на сезоната, натпреварувањето влегува во самиот финиш и како секоја година се повеќе се шпекулира кој е најдобар. Меси, Роналдо или некој трет? Но сигурно во тие приказни на фановите на фудбалот седи еден волшебник. Тоа е Роналдињо. Мајстор кој не смее да се заборави.

Бразилскиот фудбалер во кариерата помина се што еден играч од земја како Бразил може да помине. Роналдињо е роден во Порто Алегреу и порасна во сиромашен дел на овој бразилски град. Секако, љубовта кон фудбалот се појави како и кај секој Бразилец.

Роналдињо прво почна да игра фудбал на песок, а потоа сериозен чекор направи кога започна да тренира во Гремио како дете. На светот му се претстави во 1999 година кога го прослави 19-от роденден и историјата почна да се пишува.

Играч кој не ја тргна насмевката од лицето беше вистинско откритие во Бразил, а и ден денес во Порто Алегреу се зборува за натпреварот против Интернасионал кога го посрамоти Дунга со својот дриблинг.

Малку кој знае дека Роналдињо во 2001 година требаше да ја продолжи кариерата во Арсенал кој беше на чекор да го донесе Роналдињо. Иако двете страни се договорија, на крајот трансферот пропадна поради работна дозвола.

Потоа тој разгледуваше позајмица од Сент Мирен, но ниту тоа не успеа. Очигледно дека плановите беа други за Роналдињо кој ја чекаше својата шанса и на крајот ја дочека.

Неколку месеци откако не успеа да замине во Арсенал, стигна понуда од ПСЖ и се беше завршено за неколку часови. Роналдињо потпиша 5-годишен договор и авантурата во Европа започна. Првата сезона во Париз беше за заборав затоа што тој имаше на крајот посериозна улога.

Сепак, доби повик во репрезентацијата на Бразил за СП 2002 година во Јужна Кореја и Јапонија и тоа беше полн погодок за Сколари.

Неговиот гол во ¼-финале против Англија од слободен удар ќе остане запаметен засекогаш. Нема сомнеж дека Роналдињо тогаш го покажа својот квалитет и беше јасно дека пред него е блескава кариера. Во тандем со Роналдо и Ривалдо, Бразил беше несопирлив и ја освои својата 5-та титула на СП.

Роналдињо тоа лето се врати во Париз, но во клубот остана само 1 сезона. Сезона во која играше неверојатно, по што доби голем број понуди.

Сите знаат дека на Роналдињо му беше желба да стане првиот Бразилец во Јунајтед. Се нудеше на Манчестер, но Фергусон не ги послуша неговите молби. Најверојатно тој е еден од ретките грешки кои ги направи Фергусон кој се одлучи за Клеберсон кој беше промашување на децениијата.

Барселона трпеливо ја чекаше шансата и на крајот во 2003 година ја искористи.

Претседателот на Барселона, Лапорта тогаш вети дека ќе го донесе Бекам,но и овој пат го порази Реал Мадрид. Сепак, по 14 години обиди заклучете кој е победник. Роналдињо стигна за 30 милиони евра и тогаш Барселона стана еден од најдобрите клубови во светот.

Неговиот прв гол го постигна на 3-ти септември 2003 година и натпреварот против Севиља ќе остане запаметен. Бразилецот постигна неверојатен гол. Волшебникот на Барселона и донесе многу титули, меѓу кои најмила му е во ЛШ. Но откако стана најдобар играч во 2005 година, 2 сезони подоцна бееш јасно дека мотив кај Роналдињо има се помалку.

Во јули 2008 година многу срца на Барселона беа скршени затоа што тие го пуштија во Милан. Роналдињо тогаш го стави ноќниот живот пред фудбалот. Ниту во Милан не беше тоа што беше во минатото. А тој имаше неисполнета желба и тоа беше освојувањето на Копа Либертадорес што значеше дека мора да се врати во Бразил за да ја освои.

Роналдињо во 2014 година со Атлетико Минеиро ја освои и оваа титула и засекогаш испиша историја. Имаше епизода во Мексико и Флуминенсе, но од натпревар во натпревар беше јасно дека тој е уморен од се, па крајот беше блиску.

Последниот натпревар го одигра за Флуминенсе и најави дека ќе замине на краток одмор., за жал на сите навивачи тој одмор никогаш не заврши.

Роналдињо е сигурно играч кој донесе нова димензија во фудбалот. Не треба да се заборави на тоа што тој е играч на Барселона на кој му даде аплауз цел „Сантијаго Бернабеу“, стадион на лутиот ривал Реал Мадрид.