Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед во четврток играат големо градско дерби во рамките на заостанатиот меч од 26 коло од англиската Премиерлига.
Овие два клуба се борат за место кое во наредната сезона води во Лигата на шампионите што ова дерби дава голем значај.
Сити моментално е четврти со 64 бода, додека Јунајтед е петти со еден бод помалку од градскиот ривал.
Во однос на Ливерпул кој е на третото место со 66 бодови двете екипи имаат по два натпревари помалку.
Пред дербито кое во четврток се игра на Итихад тренерот на Црвените ѓаволи, Жозе Мурињо, изјави дека во прв план ќе го стави натпреварот, а не на него и Пеп Гвардиола, односно односот кој го имаат овие два тренери.
„Ова дерби е на клубови за позиција која во наредната година ќе осигура ЛШ. Во прв план треба да биде натпреварот, а не јас и Гвардиола. Правилен пристап е повеќе да се занимаваме со натпреварот, а не со тоа што јас и тој работиме покрај теренот“, рече Мурињо.