Барселона – Мареј без борба се пласираше во 1/8-финале!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Првиот рекет во светот, Енди Мареј без борба се пласираше во 1/8-финале на турнирот во Барселона, затоа што Томиќ му го предаде натпреварот поради повреда.

Мареј беше слободен во првото коло, а во борба за ¼-финале ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Монтањес и Лопез.

Во досегашниот дел од сезоната Мареј освои една титула и моментално има 13 победи и 4 порази. На неодамна завршниот турнир во Монте Карло, тој стигна до ¼-финале, каде што беше поразен од Рамос-Вињалес.

Турнирот во Барселона се игра за награден фонд од 2.324.905 евра, а титулата ја брани Надал.