Еден од кандидатите за клупата на Барса и рече не!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хуан Антонио не сака да ја напушти репрезентацијата на Чиле и да ја води Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.

Пици пред некој ден влезе во листата на кандидати за Барселона но тој изјави дека е фокусиран само на СП 2018 и дека не сака да ја води Барселона, засега.

„Зборував со него и Пици не сака да го напушти Чиле. Верен е на таа екипа и сака да ја предводува на мундијалот. Верува во овој проект и ништо нема да го однесе далеку од Чиле“ – изјави неговиот агент.

Покрај Пици на листата на кандидати се Валверде, Унце како и Роналд Куман.