Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Раководството на Интер е решено во намерата да ангажира големо тренерско име.
Кинезите на крајот на сезоната ќе му дадат отказ на Пиоли, а нивни желби се Конте и Симеоне.
Затоа што сакаат да донесат еден од овие два тренери во Интер, тие подготвија голема плата. Таа изнесува 15 милиони евра по сезона, а набрзо ќе има разговори со двајцата тренери.
Покрај големата плата, ќе има и дополнителни бонуси за трофеи и засилувања.
Фаворит за клупата е засега Симеоне. Тој најави можно заминување од Атлетико на крајот на сезоната.
Ако не се договорат со некој од овие тренери, тие би се фокусирале на Соуза, Прандели и Ди Франческо.
Интер оваа сезона игра очајно, а трофеите се години наназад само сон.