Белгија селектор бара по пат на интернет, погледнете како можете да се пријавите

После разочарувачкото испаѓање на ЕП од Велс, Марк Вилмотс доби отказ од Белгискиот фудбалски сојуз.

Белгија нов селектор денеска бара со оглас на официјалната страна, а наведоа и што тој мора да исполнува.

Новиот белскиски селектор мора да има искуство и резултати во фудбалскиот свет кој брзо се менува, да биде докажан во пренос на тактики и стратешко знаење на врвни играчи и да докаже дека може да работи со стручнаци во барањата на модерниот фудбал, да покаже дека може со целосна доверба да работи со останатите луѓе и структури во организацијата, и да биде добар комуникатор и да владее со ситуации.

Тие кои мислат дека ги исполнуваат овие услови, може се до 31 јули да се пријават на

[email protected]