„По инцидентот во Бразил само плачев, но од среќа“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Луис Суарез за инцидентот кој го одбележа СП кое се одигра пред 3 години во Бразил.

На натпреварот помеѓу Италија и Уругвај, Суарез го гризна Киелини по што доби црвен картон и 4 месеци суспензија. Меѓутоа и покрај тоа тој потпиша за Барселона која не се откажуваше од него.

Тој се покажа како одличен избор на Барселона, затоа што во својата прва сезона го покажа својот квалитет, па ја освои тројната круна со Барселона. Суарез се смири по инцидентот во Бразил, но и понатаму не сака да зборува за тоа.

„По инцидентот на СП голем дел од времето плачев, затоа што не можев да верувам дека Барселона сака да ме донесе. Тогаш си реков дека не смеам да го повторам тоа.“