Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Реал, Зидан изјави дека во Реал никој не зборува за освојување на титулата.
Едно коло пред крајот на сезоната, Реал има три бодови повеќе од Барселона и има се во свои раце, а иако титулата е многу блиску, сепак тоа не е тема на разговор.
„Никој не разговара во соблекувалната за титулата. Никој не се чувствува како шампион. Мора така да размислуваме до последната минута на последниот натпревар. Сеуште не освоивме ништо, па не смееме да се опуштиме.“
Со работата на Зидан во Реал се задоволни, а тој втор пат како тренер на Реал ќе го води тимот во финале на ЛШ, а сега му се смешка и титулата во Шпанија.
Да потсетиме, претходно упрвата на Реал му подготви на Зидан нов договор кој ќе го врзе за клубот до 2020-та година.