Идеални 5-ка во НБА лигата без играч на Голден Стејт

Голден Стејт се прв фаворит за НБА прстен, но ниту еден играч на овој тим не се најде во идеалниот тим на НБА лигата.

И додека ги чекаме финалистите во НБА лигата, веќе се познати најдобрите играчи.

Во првите 5 играчи, по рекорден 11-ти пат е Џејмс од Кливленд, а во тимот ги има Вестбрук, Харден, Леонард и Дејвис.

Втората 5-ка ја сочинуваат Томас, Кари, Дурант и Антетокумпо.

Третиот тим го составуваат Вол, Батлер, ДеРозан, Грин и Џордан.