Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Крилниот напаѓач на Шалке се преселува во Манчестер, се знае и платата и должината на траењето на договорот.
Збогум! Со тој збор, Билд го поздравува Лерој Сане и му посака среќен пат во Англија. Влијателниот германски весник објави синоќа информација дека Манчестер Сити ја доби трката за потпис на најбараниот фудбалер на Шалке и дека тој до крајот на неделата ќе ја засили екипата на Пеп Гвардиола.
Се знае и под кои услови. Граѓаните, уверува Билд, на име оштета ќе платат на клубот од Гелзенкирхен чисти 50 милиони евра. Но почетната желба на раководството на Рударите беше да добијат 55 милиони евра, заедно со бонуси, после неколку дена преговори успееја во основната намера.
Го соборија рекордот во вредност на трансфер за еден германски играч. Досега тој беше во сопственост на Месут Озил, кој пред три години од Реал премина во Арсенал за 47 милиони евра, но неговиот нов колега од репрезентацијата го надмина за 3 милиони евра.
„Не можам уште да потврдам дека договор е во завршна фза, бидејќи тоа би значело дека Сане утре заминува“, пренесува Билд зборовите на Кристијан Хајдел, директор на Шалке, што јасно ова покажува дека трансферот е пред реализација.
Сметката на Шалке ќе биде значително поголема, а и 20 годишниот талент одлично ќе помине. Билд додава дека на Итихад го чека четири годишен тренер и плата од 6 милиони евра по сезона.
Во текот на денот од трката за потпис на Лерој Сане се повлече Баерн, иако се чинеше дека после повредата на Арјен Робен тренерот Карло Анчелоти ќе бара опција повеќе во офанзивниот дел на тимот.
„Не, нашата екипа е доволна силна и пополнета на сите позиции. Нема повеќе да има доаѓања пред наредната сезона“, рече Италијанецот, после што беше јасно дека само Манчестер Сити може да го ангажира Сане.
Во тоа успеа. Пеп Гвардиола доведе уште едно засилување. Претходно потпишаа договори со Нолито, Гундоган и Зинченко, а договорено е и доаѓањето на Херонимо Рули.