Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалскиот репрезентативец Пепе на лето ќе стане слободен играч, а финалето од Лигата на шампионите против Јувентус во Кардиф на 3 јуни можеби ќе му биде последен натпревар во дресот на Кралевите.
Пепе (34) за шпанските медиуми изјави дека ќе ги игнорира понудите од француски ПСЖ и италијански Интер се додека официјално не се договори со Реал за својата иднина.
„Финалето на Лигата на шампионите е на 3 јуни, а јас имам договор до 30 јуни. Секогаш зборував дека до самиот крај ќе го чекам Реал Мадрид. Среќен сум овде и 100 % сум спремен да играм“, изјави Пепе, пренесува шпанска Марка.
Португалскиот дефанзивец во Реал стигна во 2007 година од Порто, а за Кралевите одигра 334 натпревари.
Со Реал освои три титули во Ла Лига, два Куп на Кралот и два трофеи во Лигата на шампионите.