Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Преговите почнаа…
Управата на Милан во овие денови е најзафатена на Апенините.
Директорите Фасоне и Мирабели се на сите страни со цел да покажат сериозност на новата управа и засега направија некои конкретни чекори.
Потпишан е стоперот Мусачо од Виљареал за 15 милиони евра, договорен е трансферот на Рикардо Родригез од Волфсбург за истата сума, се работи на доведување на Мората или некој друг голгетер од висока класа, а врв на преодниот рок на Сан Сиро може да биде пакет од три засилувања од Аталанта вреден речиси 70 милиони евра.
Веќе со денови траат преговорите на Росонерите и клубот од Бергамо, а во четврток попладне влегоа во завршна фаза.
Директорот на Аталанта Џовани Сартори неколку часа помина во управната зграда на Милан на разговори со Мирабели и Фасоне.
Милан го приведува на крај трансферот на играчот за врска на Аталанта Френк Кеси.
Го украдоа на Рома која порано се имаше договорено со него.
Ќе платат на Аталанта 28 миолини евра оштета, а играчот прифати петгодишен договор вреден 2.5 милиони евра по сезона. Меѓутоа, тоа не е се…
Директорите на двата клуба разговараа за уште двајца играчи на Аталанта кои се желби на Милан.
Прво е десниот бек Андреа Конти, а втор е најдобриот играч на тимот на Гасперини Папу Гомез.
Конти е еден од плејадата на бисери на Аталанта кој што експлодираше во оваа сезона и за него се интересира уште Интер, Наполи, Челси…
Но Милан е најупорен. Проблем е што Аталанта бара 20 милиони, а Росонерите нудат најмногу 16 милиони евра. Меѓутоа, постои простор за напредок во преговорите и Аталанта да ја спушти цената.
На тој начин Милан ќе го реши прашањето на десен бек со оглед на најавеното заминување на Де Шиљо.
Третото засилување може да биде Алехандро Папу Гомез. Тој блескаше во оваа сезона, еден од најдобрите играчи во Серија А и долгорочна желба на Винченцо Монтела кој го лансираше во Катанија.
Аргентинецот во Аталанта заработува „само“ 1 милион евра годишно и ова му е последна шанса за голем трансфер во кариерата со оглед дека полни 30 години.
Неговата цена изнесува окиолу 15 милиони евра, а управата на Милан може да прифатина тоа со цел да ја удоволи и исполни големата желба на Монтела во преодниот рок.+
Гомез треба да го замени Делуфеу кој најверојатно се враќа во Барселона после блескавите партии за Росонерите на шестмесечната позајмица.
Прва мета беше Кеита Балде, но Лацио бараше премногу пари и Милан пополека се откажува од таа приказна.
Милан е спремен за покрај пари да го испрати и младиот бек Џан Филипо Феличоли кој во оваа сезона помина на позајмица во Асколи и остави одличен впечаток, а многу се допаѓа на тренерот Гасперини. На сличен начин Аталанта од Милан го доби Петања…