Венгер планира да го подари својот медал доколку го освојат ФА купот


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Тренерот на Арсенал откри дека секогаш го подарува медалот кој го освојува со својот клуб, па планира тоа да го направи и сега ако победат во ФА купот.

Победата во ФА купот би можела да го направи Венгер најуспешниот тренер во ФА купот.

„Дома немам никакви медали. Да дојдете во мојот дом би се изненадиле. Нема трофеи, нема медали, ништо.“

„Секогаш ги давам на некој друг. Секогаш постои некој во тимот кој нема да добие медал. Па поради тоа ги подарувам на другите.“

„Никогаш не гледам назад. Секогаш гледам напред. Кога сум дома никогаш не би рекле дека сум тренер.“