Лион испрати понуда за најдобриот стрелец на Мексико!

Напаѓачот на Баер Леверкузен, Чичарито доби интересна понуда.

Него го сака Лион кој ова лето ќе остане без Лаказет.

Првата опција за нив е Чичарито, а тие испратија 12 милиони евра за него.

Тој има одлична сезона зад себе во Леверкузен и успеа да постигне 13 голови.

Во текот на кариерата, тој има играно уште за Јунајтед и Реал Мадрид.