Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Така барем тврди торински Тутоспорт, кој пишува дека стратегот на Интер таа желба веќе ја достави до извршниот директор на клубот Мајкл Болингбрук, како и дека Марио Балотели во тој случај би дошол како позајмен играч на Џузепе Меаца.
Роберто Манчини нуди нов фудбалски живот на Марио Балотели, кој дефинитивно може да претставува последна шанса за нестабилниот голгетер да остане на најголема сцена.
Така барем тврди торински Тутоспорт, кој пишува дека стратегот на Интер таа желба веќе ја достави на новиот извршен директор на клубот Мајкл Болинбрук, како и дека Балотели во тој случај би дошол како позајмен играч на Џузепе Меаца.
Наводно, Балотели може одлично да се снајде во формацијата на Интер 4-2-3-1, бидејќи покрива повеќе позиции во нападот. Истотака се наведува дека поранешниот италијански репрезентативец нема директна врска со заминувањето на Мауро Икарди, односно дека Балотели нема да претставува директна замена, веќе опција повеќе во ротацијата.
Балотели во минатата сезона ја помина како позајмен играч на Милан, но подоцна имаше незгодна операција на препоните, па на неславен начин ја заврши сезоната, која и така беше испод сите очекувања на управата на Росонерите.
Значи, Манчини на новите кинески луѓе во клубот ја достави својата луда идеја, останува да се види дали тие ќе ја прифатат.
Својата осуда за ваквата идеја може да ја дадат и навивачите на Интер, од кои Балотели пред шест години се прости на не баш најодличен начин бидејќи откри дека отсекогаш бил навивач на Милан.