На Палермо му се заканува стечај!

Палермо би можел да заврши во стечај, откако обвинителството во тој град отвори прелиминарна истрага поради финансиски долгови.

Тие ја завршија сезоната во хаос, испаднаа од Серија А, а претседателот Ѕампарини и Салерно дадоа оставки.

Според медиумите, клубот должи 120 милиони евра и тие наредната сезона ќе имаат многу помали приходи, па поради тоа ќе мора да заминат во стечај.

Исто така, Палермо сеуште не ги исполнува условите за настап во Серија Б.