ФФМ ги повикува навивачите да ги поддржат репрезентативците со моќно видео

Од Фудбалската федерација на Македонија објавија моќно видео со кое ги повикуваат навивачите да ги поддржат двете наши репрезентативни селекции кои во овој момент се во центарот на вниманието.

Македонската А репрезентација во недела ќе биде домаќин на моќната Шпанија во рамките на 6. коло од квалификациите за Светското првенство. На тој натпревар и официјално ќе бидат испратени и младите фудбалери до 21 година кои следниот ден заминуваат за Полска каде за прв пат ќе ја претставуваат нашата репрезентација на едно големо натпреварување.