Официјално: Спалети нов тренер на Интер


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Од редовите на Интер официјално потврдија дека за нов тренер на клубот го назначиле Лучијано Спалети.

Спалети на клупата на Интер го наследува Пиоли кој беше отпуштен на три кола до крајот на сезоната поради лошите резултати со клубот.

Италијанецот со Интер потпиша двегодишен договор, а неговото официјално претставување ќе биде на прес конференција во среда.

Првиот тренинг со тимот на Интер, Лучијано Спалети ќе го има на 3 јули во понеделник.